17 Мај, 2024
0.0323

Рудникoт САСА е меѓу домашните компании со најголемо учество во полнењето на државниот буџет

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Рудникот за олово и цинк САСА, лоциран во близина на Македонска Каменица, е најголем рудник со подземно ископување на руда во Македонија. Според вредноста на рудниот концентрат што се извезува во земјите од ЕУ, Рудник САСА е меѓу најголемите извозници во нашата земја и значајно придонесува за намалување на нејзиниот трговски дефицит. Согласно остварените финансиски резултати од работењето, Рудник САСА е меѓу домашните компании со најголемо учество во полнењето на државниот буџет. Дополнително на тоа, Рудник САСА, секоја година, има најголеми уплати на концесиски надоместоци од сите рудници во земјата. 

Над 75% од средствата од концесискиот надоместок за ископаната руда, чија вредност е дефинирана со Законот за минерални суровини, се наменети за финансирање на потребите и развојот на локалната заедница. За целокупниот процес на производство во рударскиот комплекс САСА да се одвива според најдобрите индустриски практики и меѓународни стандарди се грижат околу 700 вработени. Дополнително, рудникот обезбедува работа за илјадници правни и физички лица од земјава, кои се ангажирани за различни потреби на рудникот, како што се транспортот, останатите логистички услуги, научни и стручни истражувања и други, со што дополнително придонесува за вкупниот локален економски и социјален развој.

Исто така, Рудник САСА секоја година вложува значајни средства и напори во реализација на голем број општествено одговорни активности и проекти во голем број области, како што се образованието, спортот, здравствената и социјалната заштита, културата, инфраструктурата, животната средина и други, со кои се овозможува унапредување на стандардот и квалитетот на животот во локалната заедница.

Инаку, од ноември 2017, Рудник САСА е дел од Централ Азија Металс, специјализирана компанија за развој на рударство со седиште во Лондон. Компанијата котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Со купувањето на рудникот САСА од претходните сопственици, Централ Азија Металс ги задржа сите вработени и започна со реализација на инвестициски циклус кој треба да обезбеди одржлив развој на рудникот, преку вложувања во современа технологија и примена на меѓународни стандарди и практики во рударството, како и понатамошно вложувања во безбедноста и заштитата на здравјето на вработените и заштита на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак