27 Април, 2024
0.0274

Русија повика на крај на светскиот поредок, доминиран од Западот

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Русија повика да се стави крај на светскиот поредок, доминиран од Западот. 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сака да создаде „прагматични“ односи со САД. 

„Се надевам дека светот ќе избере еден демократски поредок - „постзападен“, рече тој за време на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесе AFP. 

Лавров исто така истакнал дека Москва сака да изгради односи со Вашингтон, кои се „практични, со меѓусебна почит и признание за нашата одговорност за глобалната стабилност“. “Двете страни никогаш не биле во директен конфликт“, рече тој, па дури и повика на „заеднички простор на добрососедски односи од Ванкувер до Владивосток“. 

Конференцијата, која ќе трае до 19 февруари, собра во Минхен над 30 светски лидери, 47 министри за надворешни работи и 30 министери за одбрана. Меѓу нив е американскиот потпретседател Мајк Пенс и секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели. Претходно денеска Пенс имал изјава во која ги повика европските членки на НАТО да одвојуваат повеќе средства за Алијансата. Покрај САД само четири други држави го исполнуваат ангажманот да трошат 2% од БДП за одбрана, истакна тој на конференцијата за безбедност во Минхен.

Оваа година форумот се гледа како првата можност Вашингтон да даде јасна позиција по клучни надворешно-политички прашања. Меѓу нив е и подобрувањето на односите со Русија, и покрај актуелната криза во Украина.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни