06 Мај, 2024
0.0466

РУСИНОТ ПАДНА: Кој е новиот директор кој ќе го врти кормилото на Интерпол?

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во следните две години со Интерпол ќе раководи Јужнокореецот Ким Џонг Јанг.

Тој на тоа место ќе служи како директор на Интерпол а одлуката доаѓа по одржаните избори на 87 генерално Собрание на Интерпол во Дубаи.

Така е отфрлен кандидатот од Русија кој во последните денови беше обвинет за злоупотреба на меѓународните системи за апсење.

Ким Џонг Јанг членовите од 194 држави членки го избрале на годишниот конгрес во Дубаи, јави БиБиСи.

Кандидат од Русија беше Александар Прокопчук за кој се нагодуваше дека ќе биде избран за нов шеф на Интерпол.

Во последните денови, во меѓународната заедница дошло до загриженост дека Александар Прокупчук, кандидатот за Русија, би можел да ја користи својата улога во Интерпол во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

Освен тоа, се обвинувало дека го злоупотребувал системот на Интерпол за црвени потерници.

Прокопчук, инаку роден во Украина, е ветеран од руското министерство за внатрешни работи. Во 2016 е избран за потпретседател на Интерпол.

Иако претседателската должност има повеќе почесен отколку оперативен карактер, кандидатурата на рускиот генерал предизвикала гнев кај критичарите на Москва поради стравот дека светската полиција би можела да стане оружје во служба на Русија.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук