26 Април, 2024
0.0343

Руска елита инвестирала околу 100 милиони долари во зградите на Трамп

Објавено во: Свет 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Шеесет и тројца Руси, меѓу кои бизнисмени и регионални политичари, купиле од Доналд Трамп недвижен имот во Мајами, Флорида за минимум 98,4 милиони долари. Тоа го открива специјална истрага спроведена од Reuters, која се повикува на јавни регистри, интервјуа и корпоративна документација.

Во февруари американскиот претседател категорично демантираше дека има какви и да е врски со Русија.

„Можам да ви кажам, говорејќи за себе, јас не поседувам ништо во Русија. Немам никакви договори со Русија“, изјави Трамп.

Истрагата на Reuters сепак утврди дека вистината е малку поинаква. Според податоците на Агенцијата 63 лица со руски пасош или адреси во Русија купиле недвижен имот во 7 луксузни згради на Трамп во Јужна Флорида во вредност минимум од  98,4 милиони долари. Точната сума која актуелниот американски претседател ја заработил од имотите во седумте згради, останува непозната.

Reuters потенцира дека купувачите вклучуваат и бизнисмени со политички врски во Руската Федерација. Такви се Александар Јозвик, поранешен извршен директор на „Спецстрој“ - руска државна градежна компанија со седиште во Москва, специјализирана за изградба на воени и разузнавачки згради.

Други бизнисмени со политички врски се Алексеј Устаев, основач на банката „Викинг“ во Санкт Петербург и Андреј Трусков, коосновач на „апсолут груп“ - холдинг-компанија со интереси во банкарството, имотот и електрониката.

Секој од тројцата платил над 1 милион долари за да добие право на сопственост во становите со брендот „Трамп“. Устаев дури си купува уште едно живеалиште во зградите на идниот претседател - овој пат пентхаус за 5.2 милиони долари. Никој од тројцата не е од блиското опкружување на рускиот претседател Владимир Путин.

Луѓе од второ и трето ниво на руската елита (од руските провинции), исто така имаат инвестирано во згради на Трамп. Таков е Олег Мисерва, богат јаглен магнат и поранешен полициски началник, чија компанија оперира во рускиот Далечен Исток. Мисерва инвестирал 6,8 милиони долари во еден од најлуксузните мезонети во зградите на Трамп.

Некои од руските купувачи изгледа се справуваат добро во Америка. Друг локален политичар, Вадим Валериевич Гауталин си купува стан за 3,5 милиони долари во истата зграда, 5 години подоцна Гауталин го продава со добивка за 4,1 милиони долари на фирма од државата Делавер со непознат сопственик. Рускиот политичар купува втор стан во истата зграда за 920 илјади долари, а неколку месеци подоцна го продава повторно со добивка на семејство од Венецуела.

Гауталин е од полуавтономна руска република Башкорортостан, регион во подножјето на Урал, познат по производството на нафта. Тој е син на заменик окружниот обвинител и е пратеник во регионалниот парламент од 2013 година до 2015 година.

Според рускиот федерален закон, како член на регионалниот парламент, Гауталин е должен да ги пријавува приходите и имотот. Reuters има копија од декларацијата за неговите приходи за 2013 година, каде што не се споменува за станот во зградата на Трамп (иако пратеникот сеуште го поседува).

Во последните години Гауталин активно инвестира во реонот на Мајами. Неговата компанија за недвижности вложила најмалку 28 милиони долари во имот меѓу 2012 и 2016 година . За последните 2 години фирмата продава 6 имоти во предградие на Мајами со профит од над 238 илјади долари. Компанијата на Гауталин поседува и мал мотел во близина на плажа.

Не сите од руските инвеститори во недвижности на Трамп се толку успешни. Еден од нив е бизнисменот Павле Угланов кој во 2010-2011 година ја извршува должноста заменик-министер за индустрија и енергетика во регионалната влада на Саратов, Централна Русија.

Откако ја напушта функцијата, тој се преселил со сопругата во САД, каде што купува стан за 1,8 милиони долари во една од зградите на Трамп, а 2 години подоцна го продава со доста добар профит - за 2.9 милиони долари.

Во Мајами тој започнува неколку различни бизниси, но поради недостиг на потребните врски и протекција што ги имал во Русија, пропаѓаат. „Тој така и не сфаќа како Американците прават бизнис“, сведочи неговата поранешна сопруга.

Во летото Угланов објави слика на Facebook со лидерот на скандалозниот руски мотоклуб „Ноќните волци“ Александар Залдостанов. Залдостанов и неговиот клуб  се предмет на санкции од САД поради сериозни сомневања за соучесништво во текот на руската анексија на Крим.

Можно е сепак тоа да не е целосен список на руски инвеститори, бидејќи анализата на податоците посочила дека 703 (или вкупно 1/3) од сопствениците на станови во една од 7-те згради на Трамп се друштва со ограничена одговорност (ДОО ), кои имаат можност да го скријат идентитетот на физичкиот сопственик на имотот.

Кај друг дел од купувачите пак националноста била непотврдена и затоа не била земена предвид. Руси со американско државјанство, кои не користеле руска адреса или пасош при купувања, не се вклучени во истрагата.

Истрагата на Reuters на инвеститорите во станбените згради на Трамп во Флорида не открила докази за малтретирање од американскиот претседател или неговата фирма за недвижности. Сомнежите за неговата сериозна близина со Русија сепак остануваат.

Можеби ќе ве интересира

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?