Руската амбасада во Скопје се побуни затоа што имало говор на омраза против Русите
Објавено во: Македонија 06 Март, 2022
Стоп за говорот на омраза против Русите, бара руската амбасада во Скопје.
Руската амбасада во Македонија предупреди на растечкото ниво на говор на омраза упатен кон Русите и руската култура. Повикот доаѓа откако концерт на руски романси во Македонската опера и балет беше откажан поради војната во Украина.
„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина. Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, напиша руската амбасада во Скопје на својот Твитер профил.
Украинската амбасада во земјава порача дека Украина се бори за целиот свет.Украинците во Македонија еднаш протестираа, а денес по втор пат ќе излезат на протест со барање за запирање на војната во Украина.
foto freepik.com