Руски медиуми: Власта ќе го искористи терористичкиот акт за „затегнување на ременот“
Објавено во: Свет 04 Април, 2017
Кој и да стои зад атентатот, веќе е јасно дека политичкиот дневен ред во Русија ќе се смени.
Терористичкиот напад во метрото на Санкт Петербург е централна тема во рускиот печат. Бидејќи досега терористите ја одминуваа „северната престолнина" на Русија; шокот за целата земја беше силен, забележува „Лента".
Претседателот на Меѓународната антитерористичка асоцијација Јосиф Линдер, цитиран во весникот, укажува дека градот е избран за нападот, бидејќи таму пристигнал вчера рускиот претседател Владимир Путин.
„Газета" потсетува на „специјалната положба" на Санкт Петербург - освен дека градот е културна престолнина на Русија, таму се родени многумина познати руски политичари - и самиот Путин, и премиерот Дмитриј Медведев, и претседателот на Врховниот совет на власта партијата „Единствена Русија" Борис Гризлов, поранешен претседател на Државната дума.
„Комерсант" пишува за последиците од трагичниот инцидент. Лидерот на парламентарната партија „Праведна Русија", Сергеј Миронов изјавил вчера дека петербургските терористи имале за цел да создадат предизвик за претседателот Путин.
По нападот можно е да не се дозволуваат масовни собири и манифестации.