17 Мај, 2024
0.0269

Рускиот МЕРЕ во Србија отвора 100 продавници за „сиромашни“ купувачи

Објавено во: Економија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber


Руската трговска компанија МЕРЕ влегува во Србија и планира да стане еден од најголемите трговски ланци во српската малопродажба. MEРE е подружница на руската групација Torgservis, основана во 2009 година, која во моментов работи на повеќе од 800 локации низ цела Русија под брендот Светофор и е трет по големина синџир зад трговските компании X5 и Magnit.

"Досега отворивме 1.500 дисконти и работиме во 10 држави. Дојде време да го прошириме бизнисот на српскиот пазар со најмалку 100 дисконти и просечна површина од околу 1.000 квадратни метри. Планираме да работиме директно со производители, под строга контрола на квалитетот и цени пониски за 20 проценти од просечните. Клиенти на маркетите на МЕРЕ се луѓе кои се грижат за своите пари и време, со просечни и пониски приходи“, вели директорот на филијалата на руската компанија во Србија за српскиот портал Retail Serbia.

Со влегувањето на германскиот пазар, МЕРЕ беше принудена привремено да ги затвори своите продавници заради големата побарувачка и недостигот на стоки во залиха. Во нашиот регион, компанијата има свој пазар во Романија, а понудата на рускиот дисконт вклучува и некои српски производи.

Покрај Србија, компанијата планира да го прошири својот бизнис на грчкиот пазар. Продавниците на MERE зафаќаат површина од 800 до 1.200 квадратни метри и нудат од 1.500 до 2000 различни артикли.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА