15 Мај, 2024
0.0255

Рeзултатите за економскиот раст во еврозоната му дадоа сила на еврото

Објавено во: Анализа 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Еврото во текот на утрото достигна највисоко ниво во последните три месеци во однос на доларот поддржано од добрите резултати на БДП во Германија и Франција, но и на ниво на целата еврозона. Британската фунта се искачи на највисоко ниво во последните 33 месеци во однос на доларот. Цената на фјучерсите на американските акции во текот на претпладнето биле поприлично стабилни во очекување на објавувањето на извештаите за индустриското производство и потрошувачката клима во Америка. Цената на златото се издигна на тромесечниот максимум во текот на европското тргување. Цената на суровата нафта во текот на претпладнето осцилираше.Од една страна, недоволно добрите резултати на малопродажбата во Америка негативно се одразија на цената, додека од друга страна, објавениот извештај кој покажа дека во Либија во текот на оваа недела производството на нафтата опадна за повеке од 100,000 барели по ден, го ограничи понатамошниот пад на цената. Детална анализа ТУКА