27 Април, 2024
0.0277

S-Banking нова мобилна апликација од Шпаркасе Банка заедно со уникатната опција „Сликај и плати“!

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ја претстави својата нова апликација S-Bankingкоја покрај многубројните функционалности за лесно и едноставно користење на банкарските услуги, на клиентите им ја овозможува уникатната можност за плаќање на режиските трошоци со опцијата „Сликај и плати“.

Новата мобилна апликација на корисниците ќе им овозможи достапност до банкарските услуги 24 часа секој ден од неделата, лесно и едноставно управување со нивните парични средства, можност за подмирување на месечните ануитети, вршење пренос на средства, вршење на менувачко работење, како и информирање за достапните локации на експозитурите и банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија.

„Следејќи ги современите трендови во развојот на банкарските услуги, Шпаркасе Банка Македонија воведе апликација за мобилно банкарство, која беше внимателно приспособена на очекувањата кај клиентите за користење современи апликации, со кои ќе можат да управуваат со своите парични средства на брз, едноставен и лесен начин од нивните смарт уреди и од која било локација со достапен интернет. Воведувањето на иновативни банкарски услуги е еден од нашите приоритети при развојот на понудата за физичките лица. Нашите заложби се секогаш да бидеме во чекор со новите технологии и да бидеме приспособени во согласност со новите и изменети навики и очекувања кај клиентите“ – изјави на прес-конференцијата директорката на секторот Управување со физички лица, г-ѓа Викторија Јовановска.

„Изминатите години активно ги следиме трендовите во трансакциското банкарство со воведување нови технологии и иновации во нашите банкарски понуди, со цел да се доближиме до очекувањата и до потребите на клиентите. Шпаркасе Банка беше прва меѓу банките во нашата држава која воведе депозитна и менувачка функција на своите банкомати, постојано ја надградува апликацијата за електронското банкарство според потребите и барањата на физичките и правните лица, овозможи вршење брзи и безбедни бесконтактни плаќања на своите ПОС-уреди, достава на СМС-известување и други поволности. Мобилната апликација S-Banking со уникатната функционалност „Сликај и плати“ ќе им овозможи на клиентите уште еден современ начин на користење на банкарските услуги во согласност со најновите трендови и развој на технологиите во услужните дејности“ – изјави директорот на секторот Процесирање, г. Огњен Блажевски.

Покрај овој ексклузивен новитет, апликацијата S-Banking на Шпаркасе Банка овозможува серија напредни функции за преглед и реализација на најразлични трансакции: увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити и штедни влогови, кредити и други производи на Банката; едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица; можност за вршење на менувачница (конверзија на средства од една во друга валута); креирање сопствени примероци за плаќања што најчесто ги реализира клиентот; лоцирање на најблиските банкомати и експозитури преку Google Maps; курсна листа и калкулатор за кредити и депозити.

Шпаркасе Банка посветено работи на создавање нови, иновативни современи банкарски производи за своите корисници, како потврда на својот имиџ за модерна банка и традицијата за стабилност и доверливост, веќе потврдена во регионот. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“