СÈ УШТЕ НЕ Е КРАЈ НА КОРОНАТА: Министерот Сали со став-не може да се прецизира кога ќе се тргнат сите антиковид
Објавено во: Македонија 13 Април, 2022
Не можеме се уште
да кажеме дека е крај на епидемијата на корона вирусот, изјави денеска министерот
за здравство Беким Сали, по настанот на Клиниката за пулмологија каде бече
донирана најсовремена апаратура во вередност од 3,2 милини евра од Европската
Унија. Истовремено Сали истакна
дека денеска не знае која од антиковид мерките ќе биде олабавена, одобено што во моментов трае состанокот
на Комисијата за заразни болести.
– За жал, се уште не може да ја прогласиме за умрена. Не знам Комисијата што ќе одлучи денеска, заседава во моментов, се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои ги добиваме од Институтот за јавно здравје. Искрено не знам која мерка ќе биде денеска олабавена, но посакувам што побрзо да закрепнеме сите па да може да функционираме нормално, изјави Сали одговарајќи на новинарско прашање, при денешното отворање на Компјутерскиот центар на ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.
Сали посочи дека не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите рестрикции.
– Временски не можеме да прецизираме, но ние работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третиратме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече Сали.
A. Б.