27 Април, 2024
0.0282

САД блокираше договор од 20 милијарди долари за Американците да пијат поевтино пиво

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Американската влада го блокираше корпоративниот договор вреден 20.1 милијарди долари поради стравување дека по склучувањето нејзините Американците ќе треба да пијат поскапо пиво. Регулаторното тело кое го следи пазарот на пиво во САД и не треба да дозволи тој да се  монополизира и наложи на Владата да ја блокира зделката меѓу гигантот „InBev“ и мексиканскиот  конкурент „Grupo Model“. Во моментов напазарот за пиво во САД доминиранаат две големи компании. Лидер е „InBev,“ кој држи 200 видови пиво. Вториот по големина играч на пазарот е „MillerCoors“, а мексиканската „Modello“ пак ја држи Corona, најпопуларното пиво во земјата. Веста за блокадата на договорот влијаеше на акциите и на двете компании. „InBev“ е решена да ги брани своите права на суд иако блокирањето на трансакцијата се вклопува во владината филозофија да ги пресече обидите за монополизирање на пазарите. Така на пример минатата година беа блокирани трансакциите помеѓу телекомуникациските гиганти „AT & T“ и „T-Mobile“, како и договорот на „Nasdaq OMX Group“ да ја преземе берзата„ NYSE Euronext“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти