07 Мај, 2024
0.0237

САД ги прекинаа преговорите со Русија за прекин на огнот во Сирија

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Американските претставници нема да учествуваат на состаноците со руската страна за прекин на крвопролевањата во Сирија, пренесе Ројтерс, повикувајќи се официјален претставник во Вашингтон. САД ја обвинуваат Русија дека не ги исполнила обврските утврдени при последното договорено примирје.

- Не ја донесовме оваа одлука лесно, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Во меѓувреме, Русија се пофали со високата ефикасност на воздушните напади во Сирија, особено во градот Алепо, опишан од ОН како „пекол на Земјата“ и негираше дека бомбардирала болница или училиште и покрај обвинувањата на западни земји, пренесе Франс прес.

- Во пракса ги спречија терористите да го развеат црното знаме над Дамаск, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов, цитиран од РИА Новости.

Во меѓувреме најголемата болница во источно Алепо беше уништена од воздушни напади.

Борбени авиони нанеле нов удар во контролиран од бунтовниците дел на сирискиот град Алепо и уништиле болница, пренесоа Франс прес и американските медиуми.

На влезот на здравствената установа паднала бомба за уништување бункери и формирала кратер, длабок 10 метри, изјави Адхам Салул од сириско-американското медицинско општество. Загинале најмалку тројца вработени. Еден од загинатите е пронајден на 100 метри од местото на експлозијата, очигледно исфрлен од експлозијата.

Истата болница беше удрена два пати минатата недела, потсетува АФП.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права ја потврди веста за уништувањето на болницата, но пријави за шестмина загинати. Директорот на центарот Рами Абдел Рахман истакна за АФП дека најголемата болница во источно Алепо била подложена на директен удар. Центарот не располага со информации дали авионите го нанеле ударот, биле на режимот во Дамаск или руски.

Салул додаде дека поголемиот дел од болницата се наоѓа под земја. Постојат стравувања дека остатокот од зградата може да се сруши. Спасувачите се уште трагаат загинати под урнатините.

Во источниот дел на Алепо, кој е под опсада, живеат околу 250.000 луѓе, вклучувајќи и околу 100.000 деца. Според ОН тие се изложени на „најтешката хуманитарна катастрофа во Сирија“. За време на петгодишната војна загинаа над 300.000 луѓе.


Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта