28 Април, 2024
0.1681

САД незадоволни од Македонија во борбата со трговија со луѓе

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber


Во делот посветен на Македонија, во годишниот извештај на Стејт департемнтот за борбата против илегална трговија со луѓе, се вели дека Владата не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе во целост, меѓутоа, прави значителни напори да го стори тоа. „Владата покажа зголемени напори, споредено со претходниот период на изготвување на извештаите, и затоа, Македонија остана на второто, од четирите нивоа за состојбата и справувањето со трговијата со луѓе“.

Според Стејт департментот, македонската влада покажала зголемени напори во обука на лицата директно инволвирани и „одговорни за идентификација на жртвите и работа со локалните власти за воспоставување на локални акциони планови за борба против трговијата со луѓе“. Оттука, Владата, се вели во извештајот, формирала работна група за борба против трговија со луѓе, реактивирајќи ги мобилните тимови за идентификација во четири региони, а испратила и социјални работници одговорни за спроведување на проактивна идентификација на жртвите на граничните премини и кампови за мигранти и бегалци.

„Сепак, Владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Владата на Македонија идентификуваше шест жртви и осуди еден трговец со луѓе, судиите продолжија да издаваат слаби казни, а агенциите за спроведување на законите немаа доволен персонал за да спроведат соодветни проактивни истраги. Владата воедно го намали целокупното финансирање за заштита на жртвите, и не додели грантови за невладини организации за борба против трговија со луѓе, и покрај тоа што невладините организации идентификувале и помагале на бројни потенцијални жртви - идентификувани во текот на годината“, стои во документот.

„Корупцијата и официјалното соучество во кривичните дела на трговија со луѓе, и натаму претставуваат значителна загриженост; додека владата обвини државен службеник за соучество во 2017-та година, нема поведено судска постапка против владин претставник за соучество, и тоа во неколку истраги што ги иницираше во последниве години“. Според американскиот Стејт департмент, претходните години, набљудувачите известиле дека некои полициски и трудови инспектори, наводно, прифатиле мито од трговците со луѓе, а сопствениците на баровите и борделите биле предупредени за планирани полициски рации.

Во рамки на препораките за справување и сузбивање на проблемот, во извештајот се наведени енергични истраги, судски гонења и осуди за трговците со луѓе, вклучувајќи ги и официјалните лица – соучесници. Меѓу останатите препораки се и „распределување на доволно ресурси и персонал во полициски единици за борба против трговија со луѓе за проактивно испитување на појавата; а тука е и обезбедувањето на напредна обука за судиите, обвинителите и вработените во агенциите за спроведување на законот“.

„Владата ги одржуваше напорите за превенција на трговијата со луѓе“, вели Стејт департментот. „Националната комисија која ја чинат владини агенции, меѓународни и невладини организации, се состануваше редовно и објавуви годишен извештај за своите активности. Владата во јули, 2017-та година, назначи нов национален координатор кој ја предводеше Националната комисија и ги координираше напорите за борба против трговијата со луѓе“.

„Сепак, надлежните лица веќе трета година по ред, немаат изготвено јавна проценка“, се додава во документот.

„Националниот координатор, во период од еден месец, и во соработка со меѓународните организации, започна кампања за подигање на свеста за трговијата со луѓе. Владата помогна на три локални комисии за борба против трговијата со луѓе во Прилеп, Гевгелија и Велес, во изготвување на првите локални акциони планови за справување со ситуацијата“.

На крајот, Стејт департментот потенцира дека „како што беше објавено во изминатите пет години, Македонија е извор, транзитна и земја-дестинација за мажи, жени и деца, подложени на трговија со луѓе и принудна работа. Жените и девојките во Македонија се подложени на принуден секс и принудна работа во земјата, и тоа во ресторани, барови и ноќни клубови. Меѓу жртвите од странство кои биле предмет на трговија заради сексуални услуги во Македонија, обично потекнуваат од Источна Европа, особено од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Србија и Украина“.

Децата, првенствено Ромите, се подложени на присилно питачење, сексуална трговија и принудни бракови. Мигрантите и бегалците кои патуваат или се шверцуваат низ Македонија, се можни жртви на трговија со луѓе, особено жени и малолетници без придружба.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД