14 Мај, 2024
0.0403

САЕМ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ: Големи попусти овој викенд во Сити Мол

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во тек е шестиот Саем за деца и родители во Скопје Сити Мол. Во продавниците во трговскиот центар има големи попусти до 50 отсто, а освен тоа се организираат и работилници каде децата преку забава можат да се едуцираат во повеќе сфери.

3bfbd373-c0ce-4667-8cb2-a64c8362e04a

Викендов децата беа во улога на мали конструктори и имаа единствена шанса преку забава да научат и да креираат работ од градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. Исто така организирани е и музички танцови точки.

aa3ba546-c930-4e1e-a3c3-ec376e53ee3a

Едно од изненадувањата беше и запознавањето со Едукативната патека од Маврово, која преку интерактивен квиз и интересни прашања на веселите деца им подели награди од патеката и гратис ски-карти.

Војо со своите егзотични животни, како змии, игуани и мали рептили ја покажа хуманитарната страна на Саемот за Деца и Родители, каде е поставена кутија за донации, па со секое сликање на децата со животните се донираат 100 ден за Сашка – Александра Робев.

8d73fa2a-daf7-4208-9c7e-523c92a4a6fc

Денеска е последниот ден од саемот, а освен забавата, сите посетители можат да ги уживаат големите попусти во продавниците за детска облека, производи и играчки.