Сакате да смените работно место? Еве како да го направите тоа најлесно
Објавено во: Економија, Стил 13 Ноември, 2015
Моменталното работно место ве „гуши” и долго време сакате да дадете отказ, но се плашите што понатаму.
Можеби најдобро решение е да не давате отказ, додека не најдете нова работа. Додека работите на старото место, можете активно да барате друга работа, за да не заглавите во долгови ако не најдете за брзо време алтернатива.
Еве како „најбезболно” да го смените работното место.
Нека биде тоа ваша тајна
Не зборувајте со вашите колеги дека планирате да го напуштите работното место. Секогаш постои можност таа информација да стигне до шефот, што би било непријатно и може да доведе до отказ. Секогаш имајте во предвид дека втората работа на која што се надевате може да пропадне како шанса и ќе бидете приморани да го зачувате старото работно место.
Не барајте работа на службениот компјутер
И на овој начин може да ви ги откријат плановите.
Не „забушавајте” на работа
Немојте да станите преокупирани со работата која ја барате и за почнете да отсуствувате на работа илу да бидете помалку продуктивни. Кога барате нова работа или одите на интервју, тоа правете го после работното време.
Придонесете за успех на компанијата, без разлика што сакате промена
Бидете до крај коректни и не дозволувајте да ви опадне продуктивноста на моменталното работно место, без разлика што сакате ново. Никогаш не се знае, можеби вашиот труд ќе ви донесе унапредување, па не ќе мора да барате нова работа.