26 Април, 2024
0.0264

САКАТЕ ДА ВЕ ВРАБОТАТ: Пет работи кои секој работодавец ги мисли додека ве интервјуира

Објавено во: Стил 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Ако сакате да ве вработат, почнете да размислувате како оној што ве интервјуира размислува и што би било ваша предност која треба да ја истакнете. 

Подготовката за интервју е иста, ќе ја истражите компанијата, распрашајте се што е она што нив им е потребно и слично. 

Сајтот Инц пишува за она што го мислат работодавците додека ве интервјуираат. 

1. Се надевам дека ќе ми се допадне 

Оној кој ве интервјуира сака да покажете ентузијазам и дека ја сакате работата. Оној кандидат кој ќе остави добар впечаток, во старт има плус кај работодавецот. Може да имате добри квалификации, но ако работодавецот мисли дека не сака да работи со вас, тоа нема да го стори. 

2. Се надевам ќе поставите прашања кои ви се важни

Тие сакаат да прашате што се очекува од вас во првата недела, како да се насочите кон успех. Вашите прашања покажуваат дека сте заинтересирани за работата. 

3. Се надевам дека ќе се истакнете во позитивна смисла 

Колку повеќе кандидати, толку е потешко работодавците или менаџерите да се сетат на некој. Затоа е важно да оставите добар впечаток. 

4. Се надевам дека ќе донесете нешто квалитетно во компанијата 

Ако имате некоја специјална вештина, знаење, веднаш споменете го тоа. 

5. Сакам да знам зошто ја сакате оваа работа 

Секако дека ви требаат пари, но мора да имате уште некоја причина зошто ја сакате работата и тоа ќе ве одвои од другите. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти