26 Април, 2024
0.0350

Салон на чоколадото - слатки искушенија во Брисел

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во белгиската престолнина свечено e отворено уште едно издание на Салон на чоколадото,  кој се одржува од 10 до 12 февруари, јави Ројтерс.

Атрактивни модели со фустани до подот поминаа низ подиумот во четвртокот вечерта, сите украсени на необичен начин со чоколадо.

Церемонијата е заедничка работа на дизајнери и слаткари и ги собира на едно место познавачите и најголемите мајстори во светот.

Посетителите на штандовите имаат право да дегустираат чоколадо. 

При почетокот на саемот беа прикажани посебно направени парчиња облека под мотото „Враќање во иднината".

Различни видови на чоколадо во секакви форми и големини беа користени за декорација.  Некои од нив беа украсени со големи чоколадни листови или мали топчиња.. Дури и некои од додатоците како шапки, беа направени од какао. 

Над 80 мајстори на чоколадото ќе се претстават на саемот, што има свои верзии и во други градови во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти