27 Април, 2024
0.1313

Самсунг Електроникс го проширува своето портфолио на паметни Signage дисплеи со оперативен систем Тизен 3.0

На саемот ИнфоКом 2017, Самсунг ги претстави своите први дисплеи со ХДР + КјуЛЕД сигнал

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) на ИнфоКом 2017 (InfoComm 2017) саемот објави дека својата линија на паметни дисплеи со ХДР + КјуЛЕД сигнал ќе биде овозможена преку Тизен 3.0 оперативниот систем, кој претставува најнова верзија на Самсунг Софтверска платформа со отворен код.

“Клучна компонента на нашата визија за иднината на визуелните дисплеи е да им овозможиме на нашите партнери да обезбедат привлечна содржина низ нивната мрежа со намалена операционална комплексност. Благодарение на интеграцијата на оперативниот систем Тизен 3.0, нашите партнери може да уживаат во брзата достава на појасни и побезбедни содржини без да скршнуваат од своите секојдневни активности.“ – изјави Сеог-ги Ким, Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани, Самуснг Електроникс.

На штандот на Самсунг исто така беше прикажано како интеграцијата на неговата водечка технологија за визуелни дисплеи во соработка со HARMAN’sAcendoсистемот овозможува квалитетни состаноци. Самсунг во Март, 2017 година ја купи познатата Компанија HARMAN International Industries за производствоаудио технологија и технологија на поврзување.

Надградбата на претходната верзија наТизен 2.4 платформата - новата Тизен 3.0 платформа се карактеризира со помоќен графички процесор кој создава побогата и појасна видео содржина во споредба со неговите претходните модели во корисничката мрежа на SMART Signage дисплејот.Ова вклучува побрза реакција, интеракција и брзина на вчитување која обезбедува непрекината репродукција и транзиции без црни дисплеи за беспрекорно емитување на пораките.

Тизен 3.0 исто така го намалува времето и средствата потребни за доставување на високо квалитетна дигиталната содржина за бизнис корисниците. Интегрираната безбедносна платформаНокс(Knox) обезбедува повеќеслојно решение кое ги заштитува системите од надворешни напади, a нуди и API процедури забезбедност на Тизенпрограмерите. Оваа унапредена заштита овозможува безбедно да се развива и хостира широкиот спектар на услуги кои се потпираат на сигурност, вклучувајќи ги содржините на доверливо плаќање и бизнис содржините во рамките наТизен 3.0 платформата. Како резултат на ова, сите засегнати можат да ги централизираат активностите на различни видови на дисплеи, вклучувајќи ги UHD дисплеите, дисплеите со надворешна сигнализација,дисплеиосетливи на допир и интерактивнитабли, без да е потребен одделен персонален компјутер.

Присутните на саемот ИнфоКомсе првите кои имаа можност да ги видат новитедисплеи со ХДР + КјуЛЕДсигнал со quantum dotтехнологија. Поддржан одТизен 3.0 OS, дисплеите со КјуЛЕД сигнализацијаго зајакнуваат High Dynamic Range (HDR) квалитетот на содржината со максимална осветленост од1,500 нити со одлична UHD резолуција од55 инчии 65 инчи. Овие дисплеи постигнуваат 100 проценти волумен на боја со повеќе од1 милијарда различни варијации и ги истакнуваат суптилните детали на различни нивоа на осветленост кога се комбинираат со оптимизиран контраст и слика без пречки.Универзално широките агли на гледање исто така им овозможуваат на бизнис корисниците да ги прилагодат екраните во согласност со нивните потреби и димензиите на просторот.

Самсунг ги претстави своитеIF сериина LED дисплеи (P1.5, P2.0 и P2.5 модели) наИнфоКом саемот. Овие екрани се комбинираат со врвната технологија на Компанијата за обработка на видео содржината и фино подесување на слика со LED HDR квалитет на слика, со што содржината која ќе се прикажува ќе биде поостра и попрефинета. Исто така, IF серијата овозможува пристап и од предната и од задната страна, а одржувањето е поедноставно и побрзо, притоа не жртвувајќи ја елегантната, непречена презентација на содржината.

Со претставувањето на новатаИкс-Пе-Бе (XPB)серијана екраните со LED сигнализација, Самсунг ги повика присутните наИнфоКом саемот,од прва рака да се уверат колку оваа серија го олеснува преминот од статични дисплеи, со аналогни сигнали на LED дисплеи за поширока примена. Достапни се четири модели (P6, P10, P16 и P20), а сеопфатнатасерија на дисплеи нуди all-in-oneпакет, додека нејзинотоиздржливо алуминиумско куќиште го зголемува векот на траење на дисплеите истовремено обезбедувајќи брза, едноставна инсталација дури и за оние корисници кои имаат многу мало техничко знаење.Икс-Пе-Бе (XPB) серијатаго поедноставува креирањето, програмирањето и сопствената размена на пораките низ целата мрежа на екранот со помош на вградено решение за управување со содржината (Banner Content Management Solution CMS), кој им овозможува на корисниците да ја ажурираат содржината и генерално да ги следат вкупните оперативни перформанси од било која локација.

За компанијата Samsung Electronics Co. LtdSamsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и се ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“