26 Април, 2024
0.2485

Самсунг Електроникс премиерно го претстави театарот од иднината со нова Cinema Screen технологија

Прв светски cinema-ready LED дисплеј кој ќе ја импресионира публиката со извонредна боја, светлина и контраст

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави својот најнов визуелен дисплеј - Samsung Cinema Screen. Како прв светскиHigh Dynamic Range LED театарски дисплеј, кино екранот обезбедува досега невиден квалитет на сликаи со поголема енергија и прецизност ги оживува филмовите и другите содржини на екранот.

Самсунг официјално ќе го промовира киноLED екранот во низа претставувањаво период од 27. до 30. Март, 2017 во“Cinemark Century Orleans 18 and XD“театарот, лоциран вохотелот “The Orleans Hotel & Casino“. Премиерата ќе сесовпадне со соседната CinemaCon 2017конференција, најголемиот и најзначајниот собир за филмската и театарска индустрија, со присутни од повеќе од 80 земји ширум светот.

Samsung Cinema Екранот со своите 34 фута (34 ft =1036,32 cm) е лесно прилагодлив на модерните театарски димензии. Покрај тоа, во обезбедувањето на LED квалитет на сликаво 4K (4,096 x 2,160) резолуција, екранот исто така ги надминува високо ценетите DCI спецификации кои се користат за да се обезбеди еднаквост и високо ниво на технички перформанси, сигурност и квалитет во дигиталното кино. Како резултат на тоа, новите перформанси на Самсунг екранот ја надминувааттрадиционалната технологија за проекции, визуелните способности за реалистична презентација и загарантирано ќе ги импресионира дури и најискусните обожаватели на забавата.

Со зголемување на популарноста на напреднитедомашни системи за забава и стриминг платформи, театрите мора да се репозиционираат како дестинација за неспоредливо доживување при гледањето на содржините, со квалитет што потрошувачите нема да можат да го добијат на ниту едно друго место. Нашата нова Cinema Screen технологија носи посилна и високо-квалитетна слика на големиот екран, креирајќи средина каде гледачите ќе се чувствуваат како да се дел од секоја сцена.“ рече Санг Ким (Sang Kim), Подпретседателна Самсунг Електроникс, Америка.  

Кино екранот соDirect-Lit LED технологијаобезбедува High Dynamic Range (HDR) во кината, аизложените содржини се со врвно осветлување скоро 10 пати поголемо од она што ги нудат стандардните кино проектори (146fL versus 14fL) со подобрена еднаквости ослободување од оптичкото нарушување и попречување.Оваа футуристичка изложба исто така нуди висока прецизност и супериорно претставување на боите видливи со окото на гледачот. Комплементарниот ултра-контраст и прилагодувањето на ниските тонови на сиво овозможува екранот да ги покажува и најсветлите бои и најдлабоките црни нијанси речиси бесконечно: 1 сооднос на контрастот.

Иновацијата на Cinema екранотќе одговара на иновативните аудио решенија поддржани од Harman Professional Solutions’ Cinema Групацијата(по неодамна комплетираната постапка за аквизиција)и Samsung Audio Lab. Дополнителни детали за оваа комбинирана еволуција во кината – “Sight & Sound“ допрва претстојат.

Harman се возбудени да ја продолжат соработката со тимот на Samsung Cinema Screen и со Samsung Audio Lab. Со нашата експертиза во кино звук системотсакаме да допринесеме во одржувањето на лидерската позиција на Самсунг во решенијата за визуелен диспеј во театрите.“ - изјави Брајан Дивајн(Brian Divine), Потпретседател на Tour and Cinema SolutionsГрупацијата.

Со развивањето на барањето за кино простор,Samsung Cinema Screen нуди флексибилност со цел задоволувањето на различните потреби на публиката. Екранот ги подржува своите напредни можости за презентирање на условите за амбиентално осветлување,без разлика на избраната содржина на екранот. Исто така, им овозможува на корисниците користење на нивните кина за корпоративни настани, гледање на концерти и спортски настани, како и гејминг натпревари.   

„Лансирањето на нашиот LED кино диспеј е само последнот чекор кон нашата визија за целокупно тетарско доживувањеподдржано со дигитална сигнализација. Преку современите технологии, почнувајќи од екраните на допир, киосците за самоиздавање на влезници, па сè до дигиталните табли со мени и интеракривни филмски постери, Самсунг веќе им помага на театрите да ја подобрат вклученоста на потрошувачите и зголемувањето на оперативната ефикасност. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да служиме како целосен провајдер за решенија во театарската индустрија и да пронаоѓаме нови и возбудливи начини за подобрување на искуството на потрошувачите.“ - изјави Сеог-Ги Ким (Seog-gi Kim), Сениор Потпретседател за Бизнис со Визуелни Дисплеи во Самсунг Електроникс. „ “ 

Кино екранот на Самсунгмоментално е во процес на DCI сертификација и неодамна го заврши тестирањето на Кеио Универзитетот (Keio University) во Токио.

За повеќе информации заCinemaCon 2017, посетете ја веб страната: cinemacon.com. За повеќе информации за целосната палета на Самсунг LED сигнализација и новости, вклучувајќи фотографии и видеа, ве молиме посетете го официјалниот портал: “Samsung Newsroom

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”