05 Мај, 2024
0.0237

„Samsung“ може да пушти „Active“ верзија на „Galaxy Note5“ со поголема батерија

Објавено во: Стил 21 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Пред официјалната премиера на „Galaxy Note5“ се појавија гласини дека уредот ќе има батерија со капацитет „4100 mAh“, но сега знаеме дека тие не се покажаа вистинити.

Не е исклучено, сепак оваа информација да се однесувала за друга верзија на сартфонот, сугерира извор на „PhoneArena“.

Според него Корејската компанија подготвува „Galaxy Note5 Active“, која ќе дебитира во ноември во мрежата на американскиот оператор „AT & T“. Меѓу промените во карактеристиките се додавање на батерија со капацитет „4100 mAh“ и екран кој ќе е со водоотпорен стандард „IP68“. Појавувањето на телефонот во продажба е предвидено за 46-тата недела, што значи неделата со почеток 8 ноември.

Компанијата направи нешто слично и со „Galaxy S6“.