29 Април, 2024
0.0468

Samsung стапнува сериозно на пазарот на биолошки лекови-Ќе прави лекови за рак!

Објавено во: Стил 19 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во еден од производствените капацитети на Samsung се создава еден нетипичен за производител на смартфони производ - лекови против ракот, развиени од Bristol-Myers Squibb Co.

За последните 4 години компанијата инвестира 2,74 милијарди долари во создавањето на производствени фабрики и истражувачки лаборатории. Ова е бесрамен знак дека Samsung не сака да биде познат само како еден од топ производителите на електроника во светот.

Наместо тоа јужнокорејскиот конгломерат го користи своето искуство во производство на чипови и телефоните за создавање на нов бизнис за производство на биолошки лекови за најголемите имиња во фармацевтската индустрија. Целта на Samsung е да стане најголем производител на договори на биолошки лекови кои се прават од живи клетки, крвни состојки и ткива, спротивно на хемикалиите.

Идејата е со нив да се лекуваат голем број болести - од рак до артритис, пишува The Wall Street Journal. Овој нов чекор е и тест за Ли Дзие Јун, 47-годишниот наследник на компанијата. Аналитичари и инвеститори се во очекување дали тој ќе раководи успешно со новите потфати, како татко, кој во моментов не може да управува поради срцев удар.

Младиот Ли гледа перспектива во бизнисот со биолошки лекови и се надева тој да генерира раст за компанијата, бидејќи продажбата на телефоните и чипови заостануваат. "Гледаме големи можности за иновации преку комбинирањето на ИТ, медицина и биологија", изјави тој.

Податоците на лондонската компанија Evaluate предвидуваат глобалната продажба на биолошки лекови да нарасне до 278 милијарди долари во 2020 година од пресметаните 184 милијарди долари за оваа година.