16 Мај, 2024
0.0314

Samsung во нов поход - Кои се импресиите по лансирањето на Galaxy S20?

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Samsung имаше брилијантен промотивен настан пред неколку денови и време е да се сумираат впечатоците. Главната замисла која се наѕираше подолго време е остварена, Samsung го лансираше досега најквалитетниот смартфон со мобилна камера директно фрлајќи ја ракавицата кон Apple кој ќе мора многу да се потруди за да го надмине Samsung Galaxy S20 Ultra.

Samsung Galaxy S20 Ultra е смартфон со огромен дисплеј од 6,9 инчи и е мултипрактичен, располага со најмоќен осум-јадрен процесор со поддршка за 5G мобилна мрежа.

Новата камера со повеќе сензори е прва на пазарот која има 100х сум, најнов режим Bright Night за ноќни фотографии и идеални селфи слики на кои ќе изгледате одлично.

Голема иновација е тоа што за прв пат ќе може да снимате 8K HD видеа со 24fps. Една минута 8K HD видео ќе зафаќа простор од 600 MB и истите со супер брзата интернет конекција ќе може веднаш да ги закачите на YouTube или да ги гледате на соодветен телевизор.


Samsung Galaxy S20 Ultra исто така има мега батерија со капацитет од 5000 mAh која ќе се полни за само 58 минути со новиот ултра бесен полнач со потенцијал од 45W. Тоа значи дека сите напредни функции кои трошат многу енергија ќе може непречено да ги користите до оглед на брзото полнење на самата батерија.

Samsung како и вообичаено го лансираше и новиот напреден модел Samsung Galaxy S20 Plus со 6,7 инчен Infinity AMOLED дисплеј и почетниот модел во премиум класата Samsung Galaxy S20 кој е за нијанса и поевтин, а располага со идентичен хардвер, а има само помал екран и помала батерија со капацитет од 4000 mAh.

Идеална понуда за деловни луѓе

Samsung Galaxy Flip Z е дефинитивно втората ѕвезда во понудата на Samsung како иновативен смартфон со двоен екран кој може да се преклопи и да добиете еден мини лаптоп со големина од 8 инчи. Долниот дел од екранот може да послужи за пишување, а во горниот дел да користите документи или мејлови. Во секојдневните деловни обврски голема предност е што со новиот Flex UI интерфејс ќе може да активирате повеќе апликации истовремено што значително ќе ви ја олесни работата со одлична прегледност.


Samsung Galaxy Flip Z чини околу 1400 евра и нуди нов механизам на склопување како и заштитно тенко стакло на флексибилниот екран за кој ќе треба доза на внимание при склопување и отклучување. Сепак, станува збор за нова технологија која е определба на Samsung и токму со оваа форма заполу транзицијата на смартфоните во нов поход на иновации.

Наскоро очекувајте многу детали за цените и достапноста на новите телефони на Samsung и на македонскиот пазар.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“