Сашко Георгиевски изгласан за претседател на Судскиот совет по разрешувањето на Дамева
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023
Сашко Георгиевски е избран за нов претседател на Судскиот совет, по контроверзното и спорно разрешување минатата недела на Весна Дамева. Седницата беше закажана надвор од работно време и траеше само 20 минути. Георгиевски е избран со потребните осум гласа „за“.
Заменикот-претседателот Селим Адеми закажа итна седница, со дневен ред за избор на претседател на Судскиот совет, еден ден по разрешувањето на Дамева на 27 април
Покрај Георгиевски и Адеми, членови на Судскиот совет кој гласаа за разрешување на Дамева беа Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Лорета Георгиева и на Павлина Црвенковска, поради наводни нарушени меѓучовечки односи.
Нокаут за веќе паднатото судство, поголема банда од судиите-членови на Судски совет нема – ова беа дел од реакциите на стручната јавност откако седум членови на Судскиот совет на чело со потпретседателот Адеми ја разрешија претседателката Дамева.