25 Мај, 2017
0.4879

САШО ДАВИТКОВСКИ: Како Современ Дом стана најголем акционер во Скопски Пазар?

Објавено во: Економија 20 Март, 2017

Денеска, Сашо Давитковски од компанијата Скопски Пазар до редакцијата на Фактор упати маил, во кој наместо одговори на нашите прашања поврзани со актуелното работење на фирмата, постави низа дилеми и прашања поврзани со други правни субјекти, како и со улогата на нашиот портал.Одговорот на Давитковски ви го пренесуваме во целост.

Дали вие тоа работите во интерес на јавноста или за интересите на Современ дом А.Д. од Прилеп?

Согласно вашиот денешен допис, можеме да насетиме тенденција, која трае подолго време, за нарушување на угледот на фамилијата Давитковски и Скопски пазар како акционерско друштво кое опстојува на пазарот веке 65 години.

Ве молиме да одговорите на јавноста: дали сте запознаени со веродостојноста на финансиските извештаи, ревизорските извештаи и информациите до јавноста дадени од страна на Современ дом А.Д. - Прилеп на официјалната страница на Македонската берза, Сеи-Нет?

Зошто не објавувате дека Современ дом А.Д. - Прилеп, како акционер со поединечно најголем број на акции во Скопски пазар А.Д, ја лаже јавноста?

Иако има фирми ќерки, со години дава лажни информации до јавноста преку Македонската берза, а за тоа Комисијата за хартии од вредност, како главен институт за контрола, не превзема ништо. Тоа може да се утврди од фактот дека до сега нема јавно објавено ниеден ревидиран, консолидиран финансиски извештај, кој се должни да го објавуваат согласно актуелните Закони на РМ.

Зошто не објавите информација за Современ дом А.Д. - Прилеп, дека со средства земени од банка, а наменети за обновување на постоечката дејност, која е објавена на Сеи-Нет како голема зделка (користење на кредитна линија од Стопанска банка АД Скопје), средствата се целосно употребени за купување на акции во Скопски пазар А.Д. и впрочем, зопто купуваат акции во Скопски пазар АД, ако Скопски пазар АД е во лоша финансиска кондиција?

Бидејки од начинот на кој ги поставувате и објавувате прашањата на вашиот портал, можеме да заклучиме дека сте во функција на спроведување на интересите на Современ дом А.Д. - Прилеп, а не во функција на информирање на јавноста, немам намера да ви одговорам на ниедно ваше прашање ниту сега, ниту во иднина.

Што се однесува до мојот возач, доколку му се обратите на него лично, можеби ќе добиете информација.

Барам овој мој одговор, целосно да го поставите на вашиот портал, а заради објективно информирање на јавноста.

Секое понатамошно обракање од ваша страна до мене лично, ке го сметам за вознемирување и ке ги превземам сите законски мерки да се заштитам од истото.

м-р Сашо Давитковски


Инаку, Фактор.мк од Давитковски побара одговор на неколку прашања. Еве го нашиот допис што го упативме до Скопски Пазар.

Почитуван г-дин Давитковски, во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста Ве молиме за одговори на следниве прашања:

- Дали Вие сте продавач на 183 акции во право на глас кои беа истргувани на 17 март во блок трансакција по цена за акција од 14.550 денари?

-Оваа количина акции е идентична со бројот на акции со право на глас со кои КХВ со Решение Ве задолжи да ги продадете во рок од 6 месеци?

- Дали за Решението на КХВ со бр. УП 1 08-52 од 28.2.2017 објавено во Сл.весник бр.32 на 15 март 2017 година ја известивте Македонската берза за хартии од вредност?

- Решение за продажба на акции доби и вашиот возач Илија Павлаковиќ кој треба да продаде 810 акции во период од 6 месеци и Решението е донесено врз истиот основ член 9 став 1 и 2 од Законот за превземање на акционерски друштва. Дали Берзата е известена за ова Решение? Дали сте му давале или позајмувале пари на Павлаковиќ да се стекне со тие акции?

Можеби ќе ве интересира

Невремето - тест за Македонски Телеком

Невремето - тест за Македонски Телеком

НБРМ ја намали проекцијата, колкав раст ќе има економијата?

НБРМ ја намали проекцијата, колкав раст ќе има економијата?

Берзите растат, нафтата паѓа

Берзите растат, нафтата паѓа

Дамјановиќ е нов директор на Централен депозитар за хартии од вредност

Дамјановиќ е нов директор на Централен депозитар за хартии од вредност

Зема замав бројот на работни места во еврозоната

Зема замав бројот на работни места во еврозоната

ТЕМНА СТРАНА НА РАБОТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Им останале должни на работниците

ТЕМНА СТРАНА НА РАБОТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Им останале должни на работниците

ГЕРМАНИЈА: Работат прекувремено за чесно да заработат

ГЕРМАНИЈА: Работат прекувремено за чесно да заработат

Ова веќе е вртоглаво, биткоинот проби 2.400$

Ова веќе е вртоглаво, биткоинот проби 2.400$

Сопственикот на Jack Daniel’s го одби сопственикот на „Corona“

Сопственикот на Jack Daniel’s го одби сопственикот на „Corona“