29 Април, 2024
0.0241

САТИРИЧНО ТВ ШОУ: Oд недела стартуваат „Контра вести”

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

„Нашето оружје се хуморот и сатирата.Наша цел е поттикнување на критичко размислување и елиминација на стравот кај граѓаните, како и воспоставување на принципот на понесување одговорност од политичарите и функционерите за своите постапки.Никој не е имун на критика!" - вака е опишана новата емисија на нивната фејсбук страна. Новото сатирично телевизиско шоу „Контра вести” започнува да се емитува од недела на телевизија Телма. Содржините ќе ги подготвува Коза ностра, водителка е Ирена Ристиќ, а во шоуто во различни улоги ќе се појавуваат и Јовица Михајловски, Јован Постолоски – Јофе и Дритеро Аме. „Контара вестите се во војна против лагите, манипулациите, говорот на омраза, предрасудите, нетолеранцијата и дискриминацијата” – стои на фејсбук страницата на новата емисија. Шоуто е во ко-продукција на НОВА ТВ и Телма телевизија, а ќе се емитува во недела во 21:40 часот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти