Саудиска Арабија ја тресат апсења-кој е на „удар“ на принцот овој пат?
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2017
Апсењата на високи функционери во Саудиска Арабија, управувани од синот на кралот, продолжуваат. Според WSJ, дваесетина војници и неколку бизнисмени се притворени поради сомневање за корупција. Ова е втор бран апсења откако министри, пратеници и бизнисмени беа уапсени претходно овој месец.
Засега не е јасно дали на приведените им се покренати конкретни обвиненија или се повикани како сведоци против другите обвинети, пренесува CNBC. Меѓу нив, меѓутоа, се и командантите на вооружените сили на Саудиска Арабија.
Истрагите и апсењата во царството се сметаат за обид на принцот Мохамед бин Салман да го исчисти својот пат до власт.
Во првата акција меѓу притворениците беа милијардерот принц Алваид бин Талал и поранешниот началник на Националната гарда принц Мутаиб бин Абдула.