29 Април, 2024
0.0292

СДСМ бара мандат, а ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев е поврзан со мафијашки структури

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев. 

Од партијата наведуваат дека поради блокираните демократски процеси, Македонија се соочува со проблеми кои им штетат на граѓаните и целиот државен систем. 

„Таквата блокада ќе кулминира в понеделник кога истекува мандатот на градоначалниците и Советите на општините. Вработени во општините, наставници, ќе останат без плати и надоместоци. Граѓаните не ќе можат да ги добиваат потребните услуги од општините. На тој начин, уште повеќе ќе се усложни ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и Македонија“ - велат од СДСМ. 

Оттаму апелираат до сите, вклучително и до Иванов, конструктивно да се вклучат во демократските процеси, да делуваат совесно и одговорно и час поскоро да овозможат мирен трансфер на власта и формирање нова реформска Влада. Додаваат дека нивната програма ја гарантира уставноста. 

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение ги обвинува СДСМ и Зоран Заев за поврзаност со криминални структури од Македонија.

„Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално-мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии помеѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци. Шпетин Положани, претседател на здружението на албански политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења кажа „Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, ако дојдат на власт“. Положани објаснува дека СДС извршил огромна манипулација кај нашите сограѓани од албанско етничко потекло. Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин“ - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев се расфрлал со нелегални ветувања и без милост или ги манипулирал или се впушта себе си во огромен криминал само за да дојде на власт.

Според нив, Заев докажал дека освен криминал во животот ништо друго и не знае да работи. Сметаат дека Заев се расфрлал со нелегални ветувања и ортачел со мафијашки структури од Македонија и регионот.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени