СДСМ: БЕСА нема да земе учество во новата влада
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017
Партијата на Билал Касами нема да биде дел од новата Влада. Ова го соопштија од партијата на СДСМ.
„Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор.
Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја“, соопштија од СДСМ.