26 Април, 2024
0.0579

СДСМ ги повика Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ширење омраза

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Најостра осуда стигна од СДСМ за политиките на поделби и раздор кои ги промовира Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои од ден на ден стануваат се поопасни. Во очај од поразот, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски секојдневно ја зголемуваат омразата кон сите оние кои не мислат како нив.

- Објавените потерници за неколку високи функционери на СДСМ за наводно предавство кои се делат низ улиците дополнително ја разгоруваат омразата и поделбите и истовремено поттикнуваат насилство, се вели во реакцијата на СДСМ.

По објавените некролози за неколку амбасадори и странски дипломати, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да создава атмосфера на омраза и линч кон сите оние кои се неистомисленици со Груевски.

СДСМ бара веднаш да престане насилната и хушкачка реторика која лесно може да прејде во физичко насилство. Ваквите потези на ширење омраза лесно можат да ескалираат и да отидат во правец кој никому не му одговара

Оние кои поттикнуваат тензии и насилство веднаш да се откажат од таквиот чин бидејќи ќе понесат одговорност за секое евентуално насилство.

Ниту една закана, ниту еден повик на насилство нарачано од очајниот Груевски нема да ги спречи промените за кои се изјасни мнозинството граѓани. Граѓаните не сакаат насилство и поделби, туку мир, просперитет и квалитетен живот

Ширењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела и сите оние кои поттикнуваат или вршат насилство ќе одговараат согласно законите, соопштуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката