27 Април, 2024
0.0260

СДСМ најави пет мерки за развој на аграрот, ВМРО-ДПМНЕ реагира: даваме повеќе!

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Со пет земјоделски мерки СДСМ ќе го развива македонското земјоделство. ВМРО-ДПМНЕ реагира,  мерките на СДСМ ја враќаат земјоделската политика 15 години наназад. Сигурни и навремени субвенции со еднаков пристап до сите при доделување на субвенциите, ослободување на земјоделците од персоналниот данок, еднаков третман при пензионирање за земјоделците и бенефициран стаж кај професионални земјоделци, како и инвестиции во системи за наводнување од 10 милиони евра годишно, но и буџетска поддршка за зголемување на продуктивноста  и извозот на земјоделското производство, се петте нов мерки кои ги објави најголемата опозициска партија за подобрување на положбата на земјоделците. „Имајќи предвид дека сегашната земјоделска политика е нестабилна и предизвикува носење брзи одлуки со големи последици и долгорочно нерешени проблеми, главните приоритети и стратешки цели на Владата на СДСМ ќе бидат насочени кон подобрување на влошените состојби во земјоделско-прехранбениот сектор“, реча Зоран Заев, лидерот на партијата. Оттаму најавија подобро управување со ресурсите и институциите во земјоделството, но и земјоделски политики за модерно и развиено земјоделство. Наместо политика на социјално субвенционирање,  истакна Заев, СДСМ во земјоделството ќе воведе политика на правична распределба и поттик за поголемо и поквалитетно производство, со што ќе се мотивираат сите во земјоделско-прехранбениот сектор. Од ВМРО ДПМНЕ реагираа, понудите СДСМ се само општи наслови како во времето на комунизмот. Во сите сфери за кои денес СДСМ зборуваше, Владата на ВМРО- ДПМНЕ реализира мерки , рече Маргарита Делева од ВМРО-ДПМНЕ. Реформата во земјоделството СДСМ ја претстави на еден лист хартија, а ВМРО- ДПМНЕ ја има Стратегијата на повеќе од сто страници со конкретни мерки, рокови и начини на финансирање, износи и анализи, додаде таа и нагласи дека СДСМ не ја следи политиката во земјоделството, состојбите и предлага нешто што е одамна реализирано или пак се анализира во поголем обем од она што тие го предлагаат. „СДСМ предлага 10 милиони евра годишно за системи за наводнување, ВМРО веќе дава 18 милиони евра годишно, СДСМ предлага 30 отсто покривање на средства за дупчење на бунари, ВМРО-ДПМНЕ веќе дава 100 отсто средства, СДСМ предлага 15 отсто за учество во градба на капацитети, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира 50 отсто од трошоците за инвестиции. СДСМ предлага финансирање на трошоци за финансирање на брендирана амбалажа, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира трошоци за брендирана амбалажа во винарската индустрија и за извезени преработки од овошје и зеленчук“, изјави Делева која додаде дека земјоделците знаат кој е нивниот вистински пријател и знаат дека во целиот мандат СДСМ им има дадено 5 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ досега даде 500 милиони евра. Таа посочи и дека СДСМ не ги познава работите во земјоделството и функционирањето на меѓународните организации. На ова СДСМ прашаа, ако има субвенции, зошто земјоделците се сиромашни. „Еден е одговорот. Затоа што сите пари што Владата на Груевски ги нарекува субвенции одат само кај гласачката машинерија. Вистинскиот земјоделец не гледа ни пари, ни трактори, ни издупчени бунари, ни системи за наводнување“, велат од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади