26 Април, 2024
0.0403

СДСМ: Со новата Стратегија на ЕУ ќе се зголемат фондовите

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Според владејачката партија СДСМ новата Стратегија на ЕУ за проширување на Западен Балкан е позитивен сигнал за Македонија.

„Македонија направи значаен напредок во својот европски пат, со што се потврдува успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на реформскиот процес. Изразената подготвеност на Европската комисија да даде препорака за почеток на преговорите за членство, врз основа на исполнети услови, се признание за напорите на Република Македонија и претставуваат охрабрување за дополнителни резултати во клучните области“, наведуваат од владејачката партија.

Оттаму потенцираат дека Стратегијата обезбедува и конкретни придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата.

„Зголемувањето на фондовите за Еразмус плус за патување и студирање, отворањето нови фондови за почнување бизниси, отпочнувањето на процесот на создавање Енергетска унија меѓу ЕУ и Западен Балкан, зголемувањето на бројот на проекти за патна и железничка инфраструктура, како и идното етапно покачување на претпристапната помош преку ИПА фондовите, се дел од придобивките што следуваат во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија“, стои во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека напредокот на Македонија во процесот на интеграција е заеднички успех на целата држава, на институциите, политичките партии, заедниците и на сите граѓани на Република Македонија и претставуваат дополнителен мотив за уште попосветено спроведување на реформскиот процес.


Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица