29 Април, 2024
0.0277

СДСМ собра 10 потписи - Чека промена на дневен ред и гласање за нов спикер на Собранието

Објавено во: Македонија 06 Април, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ веќе ја исцрта стратегијата со која ќе направи обид да се стави крај на блокадата од страна на ВМРО-ДПМНЕ која трае веќе десетина дена со беспредметна расправа по точките од дневниот ред за комисијата за избори и именување која никако да дојде до предлог за нов спикер и гласање за истиот.

Затоа пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска побара Собранието итно да се гласа за измена на дневниот ред и пратениците да се изјаснат по предлогот за избор на претседател на Собранието затоа што има поддршка од 10 пратеници, повикувајќи се на одредби од Деловниот кои го овозможуваат тоа.

– Во текот на седницата по предлог на претседателот, на предлагачот или на пратеник кого го поддржуваат 10 пратеници, а еве ги 62, Собранието без претрес одлучува по секој предлог да се гласа за измени во редоследот на претресот. И тие сите додавки што сега си ги додавате ги нема во Деловникот, рече Шеќеринска.

Во текот на дебатата предлогот за собирање на поддршка од 10 пратеници за менување на дневниот ред и гласање за нов претседател на Собранието ја даде пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ на што се спротистави претседавачот Трајко Велјановски велејќи дека тоа не е во согласност со Деловникот, а пратеникот Илија Димовски посочи дека најпрво мора да заврши претресот на првата точка од дневниот ред и да се исцрпи листата на пратеници пријавени за зборување.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“