26 Април, 2024
0.0306

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ поворно лаже, стапката на криминал се намалува

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Од Социјалдеморатскиот сојуз реагираат по прес конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ. Тие посочија дека ВМРО-ДПМНЕ поворно лаже, стапката на криминал се намалува, додека истовремено значително е зголемен процентот на откриени односно расчистени кривични дела.

„Доколку се споредат статистиките од времето кога МВР беше МВРО-ВМРО и сега, по промените и ослободувањето на оваа значајна институција, ќе се види дека целосна лага е дека има зголемување на криминалот. Разликата е и во тоа што порано се криеја убиства, разбојништва и кражби, а сега надлежните институции, меѓу коишто и МВР транспарентно ги информираат граѓаните за било каков вид на криминал, но и за расчистување на делата“, стои во реакцијата од СДСМ.

ОД СДСМ истакнувааат дека вистинската борба против криминалот, ги дава првичните резултати, а тоа што дел од разбојниците и по одлежаните затворски казни се враќаат да ги повторуваат делата е резултат на фактот што со години од ВМРО-ДПМНЕ не беше преземено ништо за реформа на казнено поправните установи и за ресоцијализација на осудените лица.

„Освен засилената борба против криминалот, опремувањето на полицијата и подобрување на условите за работа на полициските службеници неопходна е и реформа на казнено поправните установи. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога институциите се обидуваа да сокриваат убиства, денес, Министерството за внатрешни работи, како и останатите институции работат професионално, транспарентно, одговорно и во интерес на безбедноста на граѓаните и државата“, регаираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби