18 Мај, 2024
0.0365

Се бара! „Тетекс“ ќе подели 90 денари нето дивиденда по акција

Објавено во: Економија 10 Март, 2016

Добивај вести на Viber

„Фактор.мк“ правилно процени дека потегот со кој Глигорие Гоговски пред два и пол месеци купи 600 акции во „Тетекс“ значи дека може да се очекува солидна дивиденда. Еве „Тетекс“ за период пократок од една година во три наврати на своите акционери им носи дивиденда од 180 денари за акција. Има ли подобра македонска компанија ако го мериме задоволството на акционерите? Текстилниот комбинат „Тетекс“ ќе подели дивиденда во нето износ од 90 денари за акција, ова е предлог за кој на претстојното редовно собрание ќе гласаат акционерите на фирмата во која домашни физички лица поседуваат 94 отсто од акциите. Тоа значи дека ако се усвои предлогот, а речиси е извесно дека ќе се усвои 1.269 домашни физички лица ќе земат 585.000 евра дивиденда од „Тетекс“. Од нив секако најдобитен е тетовецот Глигорие Гоговски, кој освен што поседува 12,7 отсто од акциите е извршен и генерален директор на компанијата. Во случајот Гоговски ќе има нето прилив од дивиденда во износ од околу 79.000 евра,а другите домашни физички лица во својство на акционери ќе поделат половина милион евра. Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека „Фактор.мк“ направи правилна проценка на настанот во кој Гоговски кон крајот на декември лани купи 600 акции со право на глас во „Тетекс“. Тогаш прогнозиравме дека тој потег значи дека во „Тетекс“ наскоро ќе има мрсна дивиденда. Тие акции Гоговски ги плати по цена од 600 денари за акција и со дивидендата ќе има поврат на инвестицијата во износ од 15 отсто и тоа само за четири месеци. Повеќе на следниов линк Или можеби знаел па затоа купил? Ако е така тоа е инсајдерство, но има надлежен орган што треба да види дали е тоа така доколку тоа може да се докаже. И доколку тој момент не е во сивата зона на нашата позитивна легислатива. Слично на тоа и последниот настан врзан со таа акција: во петокот на 4 март некој успеа да купи 300 акции по цена 658 денари за акција. Дали знаел дека во тој момент кога купувал приносот на неговите акции за пократко од два месеци ќе биде речиси 14 отсто? Како што веќе пишувавме „Тетекс“ неодамна објави финансиски извештај од кој се гледа дека компанијата е како трезор затоа што дивиденди лани имал ќар од 1,1 милиони евра можете да проверите на следниов линк  компанија – феномен на нашиот пазар на капитал. Веројатно е фирма со најзадоволни акционери. Затоа што за период пократок од една година дели дивиденда од 180 денари вкупно во три наврати. Тоа е принос што и не може да се замисли на нашиот пазар на капитал. Повеќе за „Тетекс“ прочитајте на следните линкови http://faktor.mk/2015/08/12/teteks-zhivee-od-dividenda-od-konfektsiskiot-biznis-e-vo-minus/  и http://faktor.mk/2015/07/08/teteks-vtor-pat-godinava-ke-podeli-dividenda/

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа