04 Мај, 2024
0.0258

Се бараат лица за мазење на панди, годишна плата 28.000 €

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Центарот за истражување и заштита на џиновски панди во Ченгду, во кинеската провинција Сечуан, бара личности чија задача ќе биде да ги галат младенчињата на овие животни. Според пишувањата на весникот „Чајна дејли“ , овие експерти за мазење имаат платена храна и спиење и годишна плата од околу 200 000 јуани (околу 28 000 евра). Тоа би значело над 2000 евра месечна плата. Центарот вработува и други експерти , како што се специјалисти за хранење на новородените панди, кои мора да се преоблекуваат во панди како младенчињата би им приоѓале без страв.