17 Мај, 2024
0.0269

Се ближи судбоносниот ден за тајландските момчиња

Објавено во: Свет 07 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дванаесетте момчиња на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен фудбалски тренер заробени веќе две седмици во комплексот пештери Там Луанг на Тајланд ќе мора прво да се подготват за нуркање пред да бидат извлечени од „заробеништво“.

Тие нема да бидат спасени во текот на оваа ноќ, бидејќи не можат да нуркаат, објавија во петок локалните власти.

Групата од локалниот јуниорски фудбалски клуб влегле во пештерата кога била сува, но ги зафатил ненадеен пороен дожд којашто го потопила пештерскиот комплекс и сите негови влезови и подземни премини.

Зборувајќи за медиумите во петокот, гувернерот на покраината Чианг Раи, изјави дека момчињата се телесно подготвени да одат, но не и да изнуркаат на површината. Нивните родители во четвртокот им напишаа пораки, но гувернерот не може да потврди дали тие стасале до децата.

Спасувачите досега издупчиле повеќе од стотина дупки, надевајќи се дека така директно ќе дојдат до спилата. Ветувачки од нив се 18, од кои најдлабоката е 400 метри, но гувернерот сѐ уште не е сигурен дали на тој начин ќе се успее да се дојде до момчињата. Децата исчезнаа на 23-ти јуни кога влегле во пештерата во близина на границата со Мијанмар и со Лаос.

Нуркачките, по тешката потрага и нуркање по тесните премини и матните води, ги пронајдоа во понеделникот доцна вечерта на подигната карпа на околу четири километри од влезот во пештерата. Вестите дека момчињата се пронајдени живи по десет дена предизвика еуфорија на Талјанд. Сѐ уште не се знае како ќе излезат од пештерата, но една од опциите е самите да се обидат да излезат на површината., па веќе започнале да учат да нуркаат.

По неколкуте суви денови, за викендот се најавуваат нови врнежи. Нуркачите кои учествуваат во акцијата за спасување, сепак, веруваат дека е подземна операцијата сѐ уште е можна, и покрај тоа што еден тајландски нуркач загина додека во пештерата носел боци со кислород. Поранешниот нуркач на тајландската морнарица почина во петокот на излегувањето од пештерата откако го доставил кислородот. Засега е нејасно дали 37-годишниот Саман Кунан умрел поради тоа што неговата боца со кислород се оштетила или се испразнила.


Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји