27 Април, 2024
0.0258

Се дава под закуп државно земјоделско земјиште, најмногу до 10 хектари

Објавено во: Агробизнис 15 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во регионите на Гевгелија, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Крушево, Кичево, Кратово, Чаир, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Охрид, а со вкупна површина од над 2.371 ха, се дава во закуп државно земјоделско земјиште. Јавниот оглас го објави министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од каде соопшуваат дека максималната површина за која може да аплицира и да ја добие еден понудувач по овој оглас во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари.

Времетраењето на закупот за земјиштето за подигање на маслинарници е за период до 50 години, за долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, за рибници за период до 20 години, за одгледување други земјоделски култури за период до 15 години и за користење ливади за период до 15 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.  Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка.

Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерситаните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на објавувањето на истиот.

Увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас, заинтересираните увид можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е надлежна за огласената површина.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади