26 Април, 2024
0.0262

СЕ ДОГОВОРИЛЕ ЗА ПЕТ СЕКУНДИ И СОЗДАЛЕ СВЕТСКИ БРЕНД: Овие момчиња од Балканот рачно прават дрвени наочари

Објавено во: Стил 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со исклучоци кои веруваат во нивната идеја и со кои прекрасно соработуваат и го шират нивниот бренд, основачите на најпопуларните дрвени наочари во Србија велат дека е полесно да се отиде на Марс отколку да се убедат оптичарите во нивната земја дека нивниот производ е квалитетен и дека стои рамо до рамо со светските произведувачи. Свесни се дека во странство повеќе се цени било која работа и дека производ од овој тип таму чини и до десет пати повеќе, но исто така нашле свое место на овдешниот пазар, не планираат да го напуштат Зрењанин, дури ни да се селат во Белград.

Клиенти на Исток Радованов (29) и Илија Деменеско (28) се луѓе кои ја препознале идејата која овие момчиња ја шират веќе неколку години и кои имаат љубов кон уникатни и рачно изработени работи. „Pray“ наочарите ги носат средношколци, пензионери и сите генерации помеѓу нив, а се наоѓаат на лицата на многу туристи кои од Србија ги однеле во Америка, Азија, и Африка.

Овие уникатни производи за кои решија да пренесат соседите настанале во Зрењанин, сега во вистинска модерна работилница, а некогаш во станот на Исток. Почетокот бил брз. Велат дека им било потребно малку време да смислат како ќе изгледа првиот пар, но многу месеци да ги изработат.

-Мислевме дека тоа е лесно и дека проектот ќе го завршиме за недела дена, меѓутоа првиот пар наочари излезе од нашата работилница три години подоцна-се сеќава Исток.

Во средината на едно лето, пред пет години, трагале за сончеви наочари, а како што бил преплавен пазарот со ист бренд се обидувале да најдат нешто уникатно и што не се гледа секој ден.

Девојката на Илија Ана ни даде насоки да погледнеме дрвени наочари во некој веб шоп. Се водев по мислењето дека се може да се направи и дека нема потреба да ги порачуваме туку да ги создадеме по наши желби. Така настанаа  Pray наочарите-објаснува Исток за сајтот Приказни со душа.

Бизнисот го почнале тројца другари од мали нозе-момци кои заедно посетувале основно и средно училиште. Александар во еден момент излегол од работата, а останале Илија и Исток, архитект и правник. Во согласност со своето образование и интерес, ја поделиле работата и во заедничката фирма.

-Како архитект Илија многу подобро ги разбира програмите и машината за дизајнирање и сечење, додека јас сум повеќе во маркетинг и комуникација со луѓе. Некои работи ги правиме заедно: лепење, шмирглање, полирање и слично. Кога треба работиме и во трета смена, така да останувањето во работилница и работата која мора да се заврши никогаш не се доведуваат во прашање-продолжува Исток.

Секој пар се состои од три компоненти: од дрво, пар шарки, и пар стакло. Во почетокот изработката беше рачна, а сега имаат неколку машини кои им помагаат во брзина и прецизност. Сепак, уште 90 посто од процесот се работи рачно и затоа, како што им рекле, секој пар наочари е приказна за себе. Сите материјали (дрво-фурнир) стигнуваат од Јужна Америка, Африка, Азија, и Евеопа и тоа од обновливи плантажи.

-Ова ни беше прво хоби бидејќи сакавме да направиме неколку пара за нас, и нашите пријатели. Ставивме неколку фотографии онлајн, луѓето воодушевено реагираа, а ние ги добивме првите порачки. Pray практично од хоби порасна во работа-се сеќаваат на пресвртната 2015 година.

Брендот кој го создале им го променил животот и тоа и понатаму го прават секој ден, што е, како што велат највозбудлив дел од претприемништвото. За овие неколку години запознале многу прекрасни и креативни луѓе, пропатувале во Европа во барање за материјал, стакло и нови бизнис прилики.

Обработка: И.С.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти