27 Април, 2024
0.0253

Се менува Законот за тутун

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

По итна постапка, македонските пратеници, денеска, ги донесоа измените во Законот за тутун и тутунски производи. Целта на измените според заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, е, пред се, усогласување на правната рамка со измените на Законот за акцизи. Според измените, надоместокот што досега го плаќаа правните лица произведувачи или увозници на тутунски производи се укинува и ќе биде обединет во заедничка, комбинирана акциза со ист фискален ефект кој и до сега беше распределуван на Министерството за земјоделство од државниот Буџет. Измените предвидуваат да се укине и надоместокот на тутунските добра, односно се обединува со акцизата за тутунските производи. Новиот Закон предвидува средствата за финансирање на активностите во примарното тутунско производство и за промоција на извозот да се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади