29 Април, 2024
0.3048

СЕ ОГЛАСИ ФОНДОТ ЗА ДЕПОЗИТИ: Треба да наплатиме сразмерно со другите доверители од стечајната маса

Објавено во: Финансии 04 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Околу случајот со исплатата на парите од стречајната маса од пропаднатата Еуростандард банка, се произнесе и Фондот за осигурување депозити.

Фондот за осигурување на депозити, како што нагласуваат во својот допис до јавноста, во целокупната постапка на стечај на Еуростандард банка ја одиграл најважната улога, а тоа е исплата на обесштетувањето на депонентите – физички лица на Еуростандард банка.

Ако се парафразира соопштението, може да се заклучи дека тие сметаат оти треба да бидат еднакви со другите доверители при наплатата на пари од стечајната маса, односно од ист исплатен ред, и со тоа при наплатата на побарувањето да добиваат сразмерно процентуално од средствата како и другите доверители.

„Од 15.09.2020 година кога започна исплатата на обештетувањето на депонентите на Еуростандард банка, до денес, има исплатено 90,5 отсто од вкупно пресметаното обесштетување. Покрај оваа исплата која сѐуште се одвива преку четири банки исплатувачи, Фондот работи и на исплата на наследниците на депоненти кои починале. До сега се обработени преку 300 случаи на исплати на наследници.

Фондот за осигурување на депозити има статус на доверител во стечајната маса на Еуростандард банка. За исплата на обесштетување на депонентите со право на обесштетување, Фондот издвои вкупно 4,2 милијарди денари или 68 милиони евра.

Уставниот суд на Република Северна Македонија на 25.05.2021 година, донесе Одлука со која се укина член 163 став 3 од Законот за банките. Со оваа Одлука, Фондот за осигурување на депозити го загуби правото на приоритетна наплата на своето побарување од стечајната маса на банката или штедилницата за која е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

Во продолжение на овој процес, на 7 јули 2021 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, донесе Решение да не се поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на членот 17 од Статутот на Фондот за осигурување на депозити и Фондот за осигурување на депозити останува во својство на доверител како и останатите доверители, односно неспорно е дека Фондот е во својство еднакво со другите доверители во стечајната или ликвидационата постапка на банка или штедилница.

Исто така, како доверители, а согласно член 116 став (2) од Закон за стечај побарувањата на стечајните доверители во Еуростандард банка од ист исплатен ред се намируваат сразмерно на големината на побарувањата“, објаснуваат од Фондот. 

Натаму, додаваат од оваа институција, во нашиот систем за осигурување на депозити прагот на обесштетување изнесува 30.000 евра во денарска противвредност.

„Согласно Директивата 2014/49/EU прагот на обесштетување во земјите на ЕУ изнесува 100.000 евра и ова обесштетување се однесува на депозитите на население, како и на депозитите на правните лица.

Во Фондот се осигуруваат депозитите на домашни и странски физички лица (депозити на население) кои се депонирани во банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Во случај на обесштетување од страна на Фондот, поединечните депозити на едно лице во една банка, филијала на странска банка или штедилница се сметаат за единствен депозит.

Секоја држава надвор од ЕУ, прагот на обесштетување го прилагодува на економските прилики во општеството.

Во регионот, прагот на обесштетување на депозитите изнесува:

1. Албанија – 20.000 евра

2. Косово – 5.000 евра

3. Црна Гора – 100.000 евра (до 2019 година при последната исплата беше 50.000 евра, сега се прилагодија на Директивата)

4. Србија – 50.000 евра

5. БиХ – 25.000 евра

Фондот за осигурување на депозити од своите членки наплаќа стапка од 0,25 отсто годишно од вкупните депозити на население. Согласно Законот за ФОД оваа стапка може да изнесува најмногу 0,7 отсто годишно од вкупните депозити во секоја банка, филијала на странска банка и штедилница.

Во Македонија осигурувањето на депозитите се наплаќа со рамна стапка – иста за сите членки.

Вкупни депозити на население во Република Северна Македонија на 31.12.2021 година  изнесуваат 4,8 милијарди евра, обем според кој сепресметува и нивото на покриеност на Фондот.

Како на пример во Албанија се наплаќа премија од 0,125 отсто, а во Косово од 0,45 до 1,5 отсто во зависност од ризикот кој го сносат.

Согласно Директивата на ЕУ, стапката на премија се пресметува согласно ризикот кој секоја членка го носи и согласно потребата од постигнување на одреден обем на фондот за сигурност.

Во ЕУ нема скала по која се одредува стапката на премија и најчесто се пресметува врз основа на ризик.

Согласно Законот за ФОД, нивото на покриеност на Фондот, т.е. паричните средства на Фондот изнесуваат најмалку 4 отсто од вкупните депозити на население во банките, филијалите на странските банки и штедилниците во Република Македонија.

Кај повеќето од земјите во ЕУ,  согласно Директивата на ЕУ, минималното ниво на покриеност треба да изнесува најмалку 0,8 отсто од вкупните осигурени депозити (население и правни лица) на своите членки, или да биде обезбеден фонд со кој пропорционално ќе можат да се покријат потенцијални ризици. Доколку тој фонд е недоволен, се пристапува кон итно полнење на фондот за обесштетување од други извори.

Секој систем има свои карактеристики и се прилагодува на ЕУ колку што може.

Во регионот на пример: Албанија има ниво на покриеност – 5,83 отсто, Косово имаат цел да стасаат до 9 отсто, Црна Гора има за цел да постигнат 10 отсто, а потоа да не плаќаат додека не стигнат до 6 проценти. Не смеат да одат под 6 отсто.

Фондот за осигурување на депозити е стабилен и подготвен за брзо и навремено извршување на своите обврски кон граѓаните - депонентите на нашите членки, банките и штедилниците во РСМ. Нашата ефикасност е докажана многу пати до сега. Од формирањето во 1997 година па до денес исплатени се 90 отсто од вкупните обврски за обесштетување на депонентите при сите ризични настани.

Остануваме доследни на нашата основна цел, заштита на депозитите на граѓаните, брза исплата, градење и чување на довербата во финансискиот систем“, се вели во долгиот допис од Фондот за депозити.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита