Добивај вести на Viber
По Никола Груевски, и екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков се огласи за одлуката на Стедепартментот, според која тој и неговиот прв братучед се ставени на Црната листа на САД.
„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна.
Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.
Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, пишува екс директорот на УБК, Мијалков на својот фејсбук профил.