15 Мај, 2024
0.0303

СЕ ОГЛАСИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗА „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ - и онака тешко дека по отворањето некој ќе влезе таму, најдобар лек е целосен игнор

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, преку фејсбук се огласи за околу отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Ангелов смета дека отворањето на бугарските клубови се злонамерна провокација од Бугарија.

Еве што напиша Ангелов.

„ФАШИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Името на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“ е кристално чиста, злонамерна провокација. Исто како и името на првиот клуб “Ванчо Михајлов“.

Исто како и првиот, и вториот клуб “Цар Борис Трети“ се отвора за да биде оштетен, запален или уништен со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите.

Кому тоа му одговара? Зошто тоа некому би му одговарало? Кој е реалниот инспиратор на овој валкан напад врз односите помеѓу Македонија и Бугарија, помеѓу Македонците и Бугарите и индиректно помеѓу Македонците и Албанците? Особено сега кога Македонија е на почетокот на преговорите со ЕУ?

Затоа, како држава и како народ треба да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна. Клубот ќе биде отворен, на отворањето ќе се “испосликаат“ неколкуте домашни, од неодамна “освестени Бугари“ со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него. Затоа што во Македонија безмалку и да нема Бугари. Така велат резултатите од пописот (само 3.505 Бугари), така зборуваат и резултатите од гласањето на Бугарите од Македонија на парламентарните избори во Бугарија од пред неколку дена (650 гласачи).

Целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот “Цар Борис Трети“ би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба сепак најдобар лек за неа е “целосен игнор“. Целосно игнонирање од граѓаните но и целосно игнорирање од медиумите. А државата час поскоро да воспостави легални механизми со кои ќе стопира отворање на клубови со имиња на неспорни фашисти, крвници на македонскиот народ и непријатели на човештвото“, пишува Ангелов.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“