05 Мај, 2024
0.0248

Се отвораат уште 3 нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пивара Скопјеи компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за здравство ќе отворат уште три нови Роса школи за родителство до крајот на годинава. На прес-конференцијата која се одржа денес вопросторијата на Роса школата во Поликлиниката „Јане Сандански“, Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа и Меморандум за соработка со која најавија и продолжување на проектот и во 2020г. со отворање на повеќе Роса школи за родителство и во други градови во Македонија.

Со годинешното отворање на Роса школите во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“  и во општите болници во Охрид и во Куманово, на идните родители од овие градови ќе им биде на располагање стручен тим за поддршка и помош во текот на бременоста и првите родителски години. Со отворањето на трите нови школи, во употреба ќе бидат вкупно шест Роса школи, а до крајот на 2020 во здравствените домови во повеќе градови низ земјата на располагање ќе бидат вкупно девет Роса школи.

На денешниот настан свое обраќање имаа Премиерот, министерот за здравство и генералниот директор на Пивара Скопје, кои го изразија своето задоволство за продолжување на проектот, но и ја истакнаа важноста од ваков тип на неформални обуки за сите идни родители.

„Чест ми е што имам прилика да го најавам продолжувањето на проектот ‘Роса школи за родителство’, со кој верувам дека Пивара Скопје како општествено-одговорна компанија, навистина успева да направи чекор повеќе и да отвори сосема нова можност за сите идни родители. Минатата година рековме дека нашата заложба е ‘Роса’ школите да продолжат да живеат и во наредните години, па така денес со гордост можам да кажам дека ми е исклучително драго што овој проект навистина преминува во долгорочен и на крајот на 2020 на располагање ќе имаме вкупно девет Роса школи за родители. Голема благодарност до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство што повторно ја увидоа нашата искрена мисија за вложување во добросостојбата на сите граѓани“, изјави Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.


Генералниот директор Тимотин уште еднаш ја потврди заложбата на Пивара Скопје за развој на економијата и најави капитални инвестиции и во други области во текот на 2020 г., со вкупна вредност од 10 милиони евра.

Сите простории во здравствените домови наменети за „Роса“ школите, инаку се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola од средства собрани преку претходно спроведената шестмесечна кампања во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л. Во овој партнерски проект, Министерството за здравство ги одредува здравствените домови каде најмногу има потреба од ваков тип на школи за идни родители и го обезбедува стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките. Овој тим е составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.

„Сакам да изразам голема благодарност затоа што означуваме продолжение на еден навистина успешен проект, којшто даде на некој начин една нова димензија во означувањето и поддршката на мајчинството преку организирање на овие родителски школи. Веќе се отворени три ‘Роса’ школи, во Скопје, Битола и Гостивар, а денеска го означуваме и почетокот на новите школи во Струмица, Куманово и Охрид. Во овие школи за родителство со помош на искусен стручен тим, идните родители учат како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат со новите улоги како идни мајки и татковци“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

„Пивара Скопје е компанија која негува сериозна општествена одговорност, а иницијативата за овој проект ‘Роса школи за родителство’ потекнува токму од нив. Ја поздравувам аспирацијата покрај школите за родителство во Скопје, Гостивар и Битола, да бидат отворени и во Струмица, Охрид и Куманово. Го поздравувам Mеморандумот со кој продолжува соработката меѓу Министерството за здравство и Пивара Скопје за отворање на уште три нови школи за родителство и во 2020, но ја поддржувам и капиталната инвестиција, вредна 10 милиони евра, што ја најави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин. Ние сме земја која е фокусирана на економијата и знам колку е важна оваа инвестиција со која технолошки се развива Пивара Скопје. Со таа инвестиција се развива и нашата држава и Пивара Скопје може да смета и понатаму на нашата поддршка, затоа што ние сме тука да им служиме на граѓаните, но и на компаниите“, рече премиерот на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини кои опфаќаат родителство, здрави стилови при бременоста, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчето, а трудниците и сите  заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во здравствените домови.

Проектот „Роса школи за родителство“ започна во 2018 година, кога свои „Роса“ школи добија Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Општата болница во Гостивар и Клиничката болница во Битола, а од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса најавуваат продолжување и во наредните години во нови градови низ целата територија на државата.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ