Се подаруваат над 100 дворци, но под еден услов
Објавено во: Свет 17 Мај, 2017
Италија подарува над 100 дворци, но под еден услов, пишува Бизнис инсајдер.
Оние кои ќе ги добијат на бесплатно користење имаат задача да ги претворат во туристичка атракција, хотели, ресторани, дуќани, а предност имаат младите до 40 години.
Целта е да се развие туристичкиот сектор, а овие објекти да се прилагодат за туристи, велосипедисти, планинари, пешаци.
Замоците ги има на осум локации.
Заинтересираните мора да приложат детален опис за тоа што ќе направат со овие замоци, а Владата ќе ги додели на користење за период од 9 години.
Во следните 2 години уште 200 градби ќе бидат понудени на сличен начин.