Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото.