17 Мај, 2024
0.0393

Се продаваат куќи и имот за 10.000 евра, но купувачи нема

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во Република Српска се продаваат многу празни куќи по поволни цени, но и покрај тоа купувачи нема.

Куќи со помошни објекти, приклучена вода, струја, земјоделски парцели се нудат за 10.000 евра. Во Агенцијата за недвижнини „Сити“ во Градишка велат дека имаат во понудата десетина селски имоти, кои никој не сака да ги купи, ниту се јавува да праша за нив.

„За тие пари може да се купи имот со куќа во многу добра состојба на село. Имаме и нови куќи со повеќе ниви за 40.000 евра, но за жал тие куќи не ги сака никој. Имав примери каде четиричлено семејство попрво ќе се збие во стан од 40 квадрати отколку за истите пари или помалку да купи куќа на село со 100 квадрати“ - вели Слободан Бенцус од агенцијата.

Тој додава дека продажбата на станови од 35 и 40 квадрати оди добро.

Се смета дека луѓето не сакаат да живеат на село, затоа што е здодевно, нема луѓе како некогаш, зимно време кога ќе падне снег никој не го чисти и слично.