02 Мај, 2024
0.0261

Се се случува со одредена, добра причина!

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Живеел некогаш еден африкански крал. Тој имал многу близок пријател со кого пораснал заедно. Овој пријател имал навика секогаш, што и да се случи во неговиот живот - добро или лошо, да вели: "Тоа е добро!". Еден ден кралот отишол на лов. Пријателот ги приготвил пушките, но изгледа погрешил нешто со едната од нив. Кога кралот пукал, пушката грмнала настрана и му го однела палецот на десната рака. Пријателот набљудувал што се случило и верен на навика, рекол: "Тоа е добро!". На што го налути кралот кој одговорил: "Не! Ова не е добро! ". И го испратил во затвор. По околу една година, кралот отишол на лов во една многу опасна месност. Човекојадци го фатиле, го врзале и до вечерта го однеле во своето село. Собрале дрва, донеле подолг стап и го врзале кралот за него. Кога го доближиле до огнот, забележале дека палецот му недостасува. Зашто биле многу суеверни, тие никогаш не јаделе човек, кому нешто му недостасува. Затоа го одврзале кралот и го пуштиле да си оди. Кога се вратил, тој се замислил длабоко за тоа што се случило и за пријателот кој веќе седел цела година во затвор. Отишол кај него, го ослободил и му рекол: "Ти беше во право! Навистина беше добро што прстот ми одлета. ". И откако му раскажал што му се случило, заплакал: "Се чувствувам многу виновен. Мислам дека она што го направив со тебе, беше многу лошо! ". "Не!" - Одговорил пријателот - "Тоа беше добро!". "Кое беше добро? Дека те ставив една година во затвор? " "Ако не бев во затвор, јас ќе бев со тебе кај човекојадците! ..." - Бил одговорот.

Не заборавајте дека што и да се случува, тоа не е случајно. Зад сето тоа има многу добра, релевантна причина. Но не можеме да ја видиме целата слика во перспектива. Затоа - не тажете, не се лутете. Немојте да ја проколнуваате "лошата среќа" и луто и со прекор да упатувате зборови кон небото "Зошто Господе, зошто!?!". Oттргнете се од емоцијата која се надвиснува над вас, излезете од виорот повторувајќи ја шемата - случај-реакција и заблагодарете се. Да, заблагодарете се. Не знаете дали ова денешно "зло" всушност не е дар од небото. Бог, Изворот, Ангелите, Водичите - никој не сака да ви наштети. Ништо не се случува само така - за да ви е лошо :-) Секогаш има релевантност и таа ве турка кон вашиот избран пат на развој. Бидете над привидноста на површината.

Секој момент врие од виталност и е исполнет со длабоко значење во множеството слоеви на веројатност во различни реалности. Набљудувањето и осмислување на една ситуација помеѓу многу гледни точки ги прошируваат хоризонтите и разбирањето. На пример ако гледаш слика која претставува даден момент - го гледаш само тоа - минатото, поминало за дел од секундата, привремената слика од една единствена перспектива. Не можеш да го видиш раѓањето на ситуацијата, сите поврзани играчи, ниту продолжението, развојот, потенцијалот, не можеш да погледнеш од различни гледни точки, кои даваат корисни информации. А живеејќи во настанот враќајќи се од емоциите на единствената перспектива - го гледаш целото движење во перспектива, не самo моменталната слика.

Секогаш нешто се случува. И тоа е секогаш добро.

Друго е прашањето. Дека категориите "добро" и "зло" се апсолутно апстрактни, илузионо, субјективно прекатегоризирање на "објективна" пресуда и вечно почитување и анализирање на егото-ум. А всушност сето е едноставно. И такво какво е, тоа е апсолутно соодветно.