СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2024
„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, одговориле од ВМРО-ДПМНЕ за 360 степени за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари.
Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска попладне се сретнал со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари.
Средбата за „360 степени“ ја потврдијле од ВМРО-ДПМНЕ.
Во краткиот одговор рекле дека на средбата Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.
Средбата доаѓа на два дена пред парламентарните и вториот круг на претседателските избори во кои за функцијата шеф на државата силите ќе ги одмерат кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силајновска-Давкова и актуелниот претседател на земјата и адут на СДСМ, Стево Пендаровски.
„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, одговориле од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари.
Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
На прашање на ТВ 21 за што се разговарло на средбата и со зошто на неа не биле присутни другите лидери на коалицијата, од „Вреди одговориле дека сите лидери се во целосна координација, а не биле присутни поради активностите на терен.
Од ВМРО-ДПМНЕ нема информација дали на средбата било разговарно и на тема околу уставните измени, што коалицијата „Вреди“ ги посочува како еден условите за евентуална нивна партиципација во идната влада.
Фото: ТВ 21 Принтскрин (Фејсбук)