Се токми смена на македонскиот преговарач за името Васко Наумовски
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2017
Амбасадорот во САД Васко Наумовски најверојатно нема да биде повеќе македонски преговарач за името. Владата размислува да предложи нов претставник во преговорите со Грција кои се водат под покровителство на ОН.
Засега се уште не се знае кој ќе седне на жешкото столче на местото на Наумовски чии амбасадорски мандат во Вашингтон завршува идната година, објави Фактор магазин. Според сознанија на Фактор магазин, шефот на дипломатијата Никола Димитров нема доверба во Наумовски и веќе размислува кој би можел да го замени Наумовски. За разрешуавњето на Наумовски согласност треба да даде и шефот на државата па така се очекува процедурата за именување на нов преговарач да потрае. Васко Наумовски е 4-от преговарач за името во досегашната историја на преговорите. Втор кој паралелно ја врши амбасадорската функција во САД, и како преговарач за името. Прв македонски преговарач беше Иван Вања Тошевски, следуваше Никола Димитров и Зоран Јолевски како претходник на Наумовски.
Инаку откако министерот за надворешни работи го повлече решението Александар Николовски да биде амбасадор во Брисел , сега претседателот Ѓорѓе Иванов инсистирал во испаразентите дипломатски преставништво да бидат пополнети со дипломати од кариера. Дејан Ѓоршоски кој во моментов е развоен менаџер во областа на ЕУ приширувањето во Економскиот институт во Ротердам и поранешен специјален владин преставник во Брисел бил во игра за нов македонски амбасадор во мисијата на ЕУ во Брисел, но поради проблемот со Александар Николовски, сега Иванов барал тоа место да биде поплнето со човек од МНР. Брисел, Париз и Лондон ќе бидат првите три дипломатски преставништва кои ќе бидат пополнети со нови амбасадори.