Добивај вести на Viber
Aвион се урна во Алјаска, при што сите 11 патници преживејаа.
Крајбрежната стража ги спасила патниците и пилотот на чартер авион кој се урнал на планината Џамбо.
Тие се спасени со два хеликоптери кои се пробиле до планината во услови на слаба видливост. Пилотите на хеликоптерите биле посебно пофалени, поради тоа што во исклучително тешки услови успеале да се пробијат на местото на несреќата со видливост од десетина метри.
Неколку од патниците се пожалиле на лесни повреди, и се однесени во блиската болница.